ДЕВОЈКИ, ОМАЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ОСВОИТЕ ЏЕКПОТ: Овие 3 хороскопски знаци се одлични брачни другари
Иако не е правило, големи се шансите припадниците на овие три знака да ја усреќат својата сопруга. Ако застанете пред олтарот со еден од нив, тогаш сте вистинска среќничка
Актерката Мелани Грифит (хороскопски знак – Лав) живеела со милениче-лав во раните ‘70-ти, кога била тинејџер.
Лав
Припадникот на овој знак е сопруг кој бара многу внимание, а доколку сака, тој може да биде најдобар маж на светот. Мора да знае дека е приоритет за жената, така што таа ќе му докажува колку го сака и посакува. Како партнер не е ригорозен и доста е емпатичен и, обично, кај него работите остануваат такви цел живот како што на самиот почеток ќе ги поставите. Всушност, тој е вистинско дете кое сака да се забавува, па сака жена која во себе има доза на спонтаност и разиграност.
Риба
Припадникот на овој знак е како создаден за сопруг – во состојба е да се посвети на жената што ја сака и да ù ја даде сета љубов на светот без страв дека со тоа се загрозува неговата машкост и дека тоа го прави послаб. Со задоволство го минува времето со семејството, а еден е од оние знаци кои најмалку е веројатно дека ќе бидат неверни. Меѓутоа, ист ангажман бара и од другата страна – сака жена која ќе му покажува колку се грижи за него во секојдневниот живот. Караници не трпи и многу е мирољубиво настроен. Доколку нешто го мачи, најчесто ја собира фрустрацијата додека „не пукне“.
Бик
Припадникот на овој знак обично се жени само откако ќе ги има сите предуслови – работа, одредени години, решено станбено прашање, а основање семејство може поскоро да го натера на брак. Тој е верен сопруг, посветен на семејството и обично е нежен и има добродушна природа. Не е баш ангажиран во домашните обврски, но тоа го надоместува со напорен труд на работа. Бара жена со високо либидо, бидејќи тој е многу страстен. Во бракот често се здебелува, па затоа треба да се охрабрува да се движи и да држи диета.
© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka.