Голо деколте или голи нозе, прашање е сега!
Ова нема да им се допадне на претставниците на посилниот пол
Според американскиот Вог деколтеата стануваат минато, а во центарот на вниманието е облеката која ги истакнува рамениците, стомакот и нозете. Но некои си го поставуваат прашањето дали девојките како Софија Вергара ќе се откажат од деколтеата?
Топ 5 модни парчиња во кои секоја жена изгледа атрактивно >>
Како и да е, длабоките деколтеа не се во мода. Голите гради повеќе нема да им се покажуваат на мажите, ниту пак на било кој друг. Во последно време најважно е стереотипите врзани за полот да се отфрлат, времето кога на жените се гледаше како на убавици за покажување кои својот сексапил го истакнуваат во преден план службено заврши, пишува Вог.
Забраната за деколтеата предизвикаа и шовинистички коментари на Интернет кои според стилистката Елизабет Салцмен станаа и некој вид тренд. Но впечатливите зборови ги обесхрабрија жените да покажуваат премногу. Кога една актерка на својот профил на Инстаграм ќе објави фотографија на која е истакнато деколтето, повеќе од 90 отсто од коментарите се однесуваат за нејзините гради. „Тоа не е здраво, тоа е грозно“, порача таа.
Како да носиме ролки. Три дами, три различни комбинации >>
Без разлика дали ви се допаѓа овој тренд, тој е покренат со причина – неговата цел е да се забрани покажувањето на жените како сексуални објекти. А потребата за него се појави бидејќи во денешно време многумина не знаат да ја ценат женската убавина на вистинскиот начин, па ваквата цензура можеби е и оправдана?
Три модерни начини како да носиме хеланки оваа сезона >>
Што мислите вие?