Монструозно. Навистина ми е многу жал – Цеца Ражнатовиќ и даде поддршка на Наташа Беквалац и го осуди насилството

Пејачката Светлана Цеца Ражантовиќ преку социјалната мрежа Инстаграм и даде поддршка на својата колешка.

Вчера во раните утрински часови Наташа Беквалац беше жртва на семејно насилство. Таа беше брутално нападната и претепана од нејзиниот сопруг, и тоа пред нејзиното бебе. Откако медиумите ја пренесоа веста, бројни познати личности се јавија и изразија поддршка на пејачката, а меѓу нив и нејзината колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

ADVERTISEMENT

„Монструозно. Навистина ми е многу жал.. Стоп на насилството на жените, над послабите. Стоп на сите облици на насилство“ порача таа.

Како што пренесуваат српските медиуми сопругот на Нашата се вратил во нивниот стан на Дедиње во раните утрински часови. Бил пијан и легнал да спие, а таа во неговиот телефон пронашла љубовни пораки поради кои избувнала кавга. Набргу следувал и физички напад во кој Наташа добила тупаница во главата, а потоа и модрица на окото.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed