Бронзерите се идеално решение ако сакате да додадете малку сјај на вашиот тен или да нијансирате, но и да добиете контуриран, послаб и одморен изглед.
Бронзерите по маскарите се најпродаваните женски козметички производи, и ова особено важи за преку летниот период кога се неизбежни за секој женски козметички несесер. Со нив вашето лице многу лесно ќе добие топол исончан тен, а за ваков ефект најдобро е да го нанесете на местата кои се први на удар на сонцето. Сите знаеме дека понекогаш навистина е тешко да избалансираме само со природните зраци на сонцето, а на патот кон совршениот изглед често ни пречат хиперпигментациските дамки и црвенилото. Но токму тука во приказната влегуваат бронзерите. Со нив ја даваме бојата на лицето, нанесувајќи го на врвот од челото, носот, брадите и јаболчниците притоа внимавајќи лице да не изгледа размачкано.
Од друга страна пак, со бронзерот можеме и да контурираме, односно овој производ на лицето му дава димензија и ги корегира ситните несовршености. Во такви ситуации најдобро е да нанесете на сите делови на лецето кои сакате да ги намалите или сокриете (дупченца на јаболчниците, на страните на носот, под брадата, врвот на челото…) Исто така треба да се внимава и на нијансата што ја избирате. За убав природен изглед најдобро е бронзерот да биде за нијанса потемен од бојата на тенот . За да се олесни работата, на многу производи е нагласено дали се наменети за русокоси, бринети или за црнки, но сепак, доколку ова не е нагласено на производот, треба сами да процените каков бронзер да изберете според вашиот тен.
Затоа најдобро е пред да го купите да го тестирате производот. Тоа најдобро ќе го направите доколку нанесете само малку бронзер на чисто лице и ќе видите дали лицето изгледа потопло или вештачки потемно. Не треба да пробувате на рацете, бидејќи рацете и лицето природно немаат иста боја. Како што рековме, најдобро е да изберете нијанса која е за две, или најмногу за три нијанси потемна од бојата на вашето лице. Доколку бронзерот е во иста боја со бојата на кожата, тогаш тој нема да може да си ги изврши основните функции како да ги нагласи јаболчниците, да додаде малку сјај на лицето, да го истакне потемнетиот тен или да придонесе лицето да добие потемна нијанса од онаа што ја има во моментот.
Ние за оваа сезона ви предлагаме да го пробате новиот бронзер AIR TOUCH од професионалниот козметички бренд RADIANT наменет за сите типови на кожа. Со овој производ кој имавме можност да го пробаме неодамна, многу лесно ќе ги истакнете подрачјата кои се природно најмногу изложени на сонце и дополнително ќе ги нагласите со сјај.
‘
Топ бронзер за совршен исончан изглед и светкав ефект
Она по што овој производ се издвојува од останатите во неговата категорија е мудро избраната комбинација од неколку нијанси со минимални разлики во бојата со цел постигнување на рамномерен исончан изглед. Треба да го нанесете по хидратантниот крем или пудрата на оние делови на лицето на кои сакате да добиете исончан изглед. Производот ќе ви овозможи совршен бронзен тен со дискретен светкав сјај, не содржи парабени и парфем, и е идеален за сите типови на кожа, вклучително и многу чувствителна кожа.