Реклама
Блогерија

Што ќе носат македонските модни блогери на Новогодишната ноќ: Јована Зука

Реклама

Македонската модна блогерка Јована од блогот aftertwofive фасцинира со беспрекорната фотографија и лежерно-екцентричниот стил што совршено одговара на нејзината уметничка природа.

Со неа го продолжуваме серијалот на Штипка во кој модните блогери ги споделуваат со вас нивните идеи за одличен новогодишен стајлинг. Еве што предлага Јована:

Маркетинг

Кога е во прашање Нова година, јас сум цврст поборник за дебели, удобни џемпери и по некој сладок, кич празничен додаток. Со оглед на тоа што веќе две години по ред најлудата ноќ ја поминувам супер лудо по дома или на планина со најблиските, со многу вкусна храна и црвено вино, се одлучувам за удобни парчиња засилени со некој фотогеничен новогодишен елемент :).

Оваа година имам два избора:

Маркетинг

Пругаста кошула, искинати фармерки или тексас здолниште, кратки црни чизмички, новогодишна вратоврска со вметнати сијалички која ја свири „Jingle Bells“ и Златен ретривер по име Мони со Дедо Мразовско капче.

Огромен дебел џемпер, искинати фармерки, кратки црни чизмички и, уште еднаш, Златен ретривер по име Мони со Дедо Мразовско капче.

И секако, во новогодишната ноќ нема позадолжителни модни додатоци од широка насмевка, љубов и многу позитивна енергија, па истите ги препорачувам и во таа и во сите други вечери од 2014! Среќна Нова :)!

Автор: Александра Спасеска

Кликни и прочитај што предлага блогерката Фросина Дамјановска »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button