Реклама
Култура[тор]

По 35 години ќе биде реиздаден албумот на еден од најкултните македонски електронски бендови

Реклама

Промоцијата на новиот винил ќе се одржи во МКЦ, на 09 март, со почеток во 21 часот.

На 16 март 2018 ќе се одржи промоција на ЛП реизданието на групата Бастион. Станува збор за еден од најзначајните албуми од македонската, но и југословенската електро поп сцена која беше снимен во Скопје во 1983 години и оригинално издаден за ПГП-РТБ во 1984 година. Албумот кој го носи името како и самата група за македонската музичка историја претставува нешто што и Пакет Аранжман и Шарло Акробата за белградската, односно српската музичка сцена. Имено, на албумот соработуваат неколкумина генији на македонската поп култура – актерката и пејачката Ана Костовска, музичарот и композиторот Кирил Џајковски, басистот Љубомир Стојсављевиќ и режисерот Милчо Манчевски. Плочата се слуша во еден здив, а песните „Деца сунца“, „Мистер комплекс“, „Холивуд“, „Молитва“ и денес, по 35 години, звучат потполно меланхолично, но истовремено и неверојатно модерно и инспиративно.

Маркетинг

На промоцијата на реизданието ќе бидат присутни членовите на „Бастион“, а истата ќе биде збогатена со концерт на Тодор Караколев и ди-џеј сет на A Colder Consciousness. Посетителите ќе можат да ја набават плочата по промотивна цена, и тоа недела дена пред нејзиното официјално објавување.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button