За стилот на оваа Србинка пишуваше и Daily Mail.
Жаклина има 47 години и во моментот живее во Италија. Нејзиниот стил е мешавина од најдобрите работи што ги собрала од животот во Полска, Швајцарија и Франција. Таа и покрај годините може да се пофали со својот младешки изглед, поради што и неофицијално од страна на медиумите е прогласена за најсексапилната баба на Инстаграм.
Покрај тоа што е модна блогерка, таа е и баба на две девојчиња чија мајка е нејзината 28 годишна ќерка. Токму затоа под секоја нејзина фотографија стои хаштагот #grandmotherwholovesfashion односно „баба којаш обожава мода“. За нејзиниот стил пишуваше дури и порталот „Daily Mail“, а на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм секојдневно се зголемува бројот на обожаватели. Но тоа и не треба да не чуди бидејќи таа секојдневно објавува фотографии кои можат да ни бидат модна инспирација на сите нас. Погледнете!
Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа блогерка?