Авто декор

Ова е прилог за внатрешно уредување на автомобилите на иднината, а истиот ни е специјален допис од светски познатиот декоратор за автомобилски ентериер Akino Tsuchiya од Pacific Advanced Design Center.

ADVERTISEMENT

Таа редовно ја прати нашата рубрика за автомобили и истата ептен и се допаѓа, па така решила специјално за македонските читатели на најдобриот

web магазин во државава и орбитата, да направи еден мал текст за тоа како да ги уредуваат своите автомобили. Веднаш го објавуваме нејзиниот прилог во оригинална форма, без никакво парафразирање, иако (како што и самите ќе видите) нејзиниот Македонски и не е баш најдобар, но сепак ние бевме на мислење дека зборовите на еден таков експерт не треба да се менуваат воопшто, та затоа знаеме дека нема да замерите на некои нејзини мали грешки во ’изговорот‘.

„Хаи! Јас се викаше Akino Tsuchiya и во својата земја сум позната уметник и дизајнер. Јас на вас ќе зборуваше за новите дизајнерски правци уредување автомобил во овој специјален прилог за мојот омилен македонски магазин за забава на млади мажи и жени. Кои многу ги сакам, и двете, хихихихихи! Хаи! Во дизајн на кола јас секогаш барала нови форми и идеи. Во модерното друштво возач секогаш имал различни барања кои ние ги исполниме и мрсно наплатиме. И сите среќни! Хаи! Ние Јапонци, сакаме сите кога среќни, хихихихи!

alt

Како што виделе на слики, нов концепт за мали градски кола покажува само три седишта во кабина и гепек кој е дел од внатре. Но може да ставите посебна мрежа за ствари од шопинг и пазар која ние дадеме кога ќе купете возило. Ние слушнале дека вие имале многу вкусни овошје и зеленчук, па мислиме кога одите на пазар. Торбичка

на жена, кола на вас! И сите среќни! На втора слика е посебна внатрешност на Mercedes, кој ние во Јапонија многу сакаме! Хаи, Mercedes! Кај патниците е мали лаптопи кои го управуваат Mercedes како на видеоигра. Ако имате син или дете, тој е среќен! Не се забавувале само вие, хихихи! На долна слика е концепт на врата која не може отвори на мало паркинг место, ама затоа добро изгледа. Внатре седиште се врти! И се продавало подобро од Суши и Васаби. Хаи! Среќа на сите страни!

alt

На последна слика нешто за љубители на кучиња. Наместо досадна жена, баба или деца, на одмор можете земете со вас и куче, да се вози како човек! Вие така среќни затоа што вашето куче среќно, а вашиот куче среќен што се вози како човек, хихихихи! А имаме и цефка преку која добивал вода додека се вози, ама на слика не се гледа. И куче среќен! На сé мислеле ние дизајнери – како што гледате од овој прилог. Ќе ви пишам пак кога ќе збориме за уште нов дизајн за коли“.

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.