Амал Клуни ни одржа лекција како да носиме црно од глава до пети

Фантастично деловно издание на познатата дама

Амал Клуни ни одржа лекција како да изгледаме софистицирано и апсолутно да доминираме па дури и кога станува збор за деловен стајлинг. Имено познатата адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни носеше црни панталони и сако, но со фантастичен крој кој совршено стои на нејзиното тело.

ADVERTISEMENT

Сакото е со внатрешно закопчување и е со кратка должина, додека панталоните се шират во долниот дел и паѓајќи преку високите потпетици создаваат визуелен ефект на издолжени нозе. Монотонијата ја разби со белата маица која се наѕира од под отвореното деколте, црвениот кармин и класичниот „Burberry“  тренч мантил во светло розова нијанса со кој ја „подигна“ целата комбинација.

Па, што велите за ова издание на Амал?

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed