Реклама
Холивуд

Ни недостига нејзината насмевка: Манекенката се раздели од саканиот по цели 10 години врска

Реклама

По десет години љубов, дојде крајот

Познатиот бразилски топ модел Алесендра Амросио ја прекина врската со свршеникот Џејми Мазур по десет години љубов, пишува „Us Weekly“. Оваа врска за која многумина веруваа дека нема никогаш да заврши започна во 2005 година, а тие се свршија три години подоцна. Иако нивната врска никогаш не ја озаконија, во изминативе години добија две деца, деветгодишната ќерка Ања Луисе и петгодишниот син Ноах Феникс.

Маркетинг

Алесандра минатата година реши да стави крај на својата кариера како манекенка. Таа се појави за последен пат на ревијата на Викторијас Сикрет и се посвети на актерството и дизајнирање костими за капење. Овие промени се одразија и на нејзиниот љубовен живот, па по промените на деловен план се појавија и оние љубовните.

Маркетинг

Откако веста се појави во медиумите манекенката беше видена како оди на час по јога, а нејзината тага и грижа јасно се гледаат на нејзиното лице, на кое порано насмевката и беше како заштитен знак.

Манекенката без сомнение поминува низ најтешкиот период во животот, а разделбата и е уште потешка поради децата.

Shutterstock/guliver

Поврзано

Back to top button