Диети

Исфрлете само 1 намирница од исхраната и за 2 недели ќе имате рамен стомак и 5 килограми помалку

Реклама
Реклама

Ова е најбрзата диета за рамен стомак, која за разлика од другите брзи диети, има позитивни ефекти врз вашето здравје.

Осмислена е од страна на кардиологот доктор Вилијам Дејвис и со неа можете да изгубите околу 5 килограми за 2 недели. Диетата е насочена на стомакот и ветува рамен стомак за рекордно брзо време. Делува на начин што го активира хормонот инсулин кој што предизвикува таложење на масни наслаги на стомакот и го зголемува апетитот. Според овој концепт, со исфрлање на само една намирница од исхраната може да се намали апетитот, да се зголеми енергијата и да се изгубат килограми. Со диетата се подобрува целокупната здравствена состојба, се намалува ризикот од рак на дојка, артритис, дијабетес, деменција, срцеви заболувања и сл. Не треба да ги исфрлите мастите или шеќерот, како што претпоставувате, туку житарките!

Маркетинг

Д-р Дејвис следел околу 2000 пациенти кои престанале да јадат житарки и заклучил дека за 2 недели на ваква исхрана се губат просечно 4,5 килограми. Со ова темпо нема да слабеете бесконечно, но сепак исфрлањето на храната која отвара апетит ќе ви помогне да консумирате 350-400 калории помалку секој ден, без да осетите. Ако ги заменувате житарките со квалитетна храна, нема да ви недостасуваат неопходните хранливи материи бидејќи нема некој недостаток во организмот што се јавува како резултат од елиминацијата на житарките. Секако, ако наместо житарки јадете грисини и чоколади, и пиете засладени сокови, ништо нема да постигнете бидејќи една непожелна категорија на храна сте ја замениле со друга.

Маркетинг

Наместо житарки треба да јадете зеленчук, месо, ореви, јајца, авокадо, маслинки и сирење и кашкавал и ќе имате рамен стомак, ќе ослабите, ќе имате поголема енергија, подобро ќе спиете и севкупно ќе се чувствувате подобро. Докторот вели дека неговите пациенти не само што добиле помал стомак, туку станале многу поздрави и посреќни!

Следниве намирници можете да ги јадете колку сакате: зеленчук (освен компири и пченка), месо и јајца, јаткасти плодови и семиња, здрави масла како ладно цедено маслиново масло, авокадо, орев,и, кокос, какао путер, ленено масло и масло од сусам, полномасно сирење, незасладени зачини како сенф, рен, салса, мајонез, оцет, соја сос без глутен, чили, лута пиперка.

Следниве намирници можете да ги јадете во мали количини (масимално 100 gr или ml по оброк бидејќи ќе го зголемите нивото на шеќер во крвта): млечни производи со исклучок на сирење, овошје (најдобро е зрнестото овошје, а внимателно со ананасот, папајата, мангото и бананите), свежи овошни сокови, просо, хељда, кафеав и див ориз и овес најмногу по 50 грама по оброк, мешункасти растенија како грав, леќа, слануток, производи од соја.

Храна која треба да се избегнува: производи од житарки, масла од сончоглед, соја, пченка, храна без глутен, сушено овошје (смокви, урми, сливи, суво грозје, брусница), пршена храна, торти и колачи, засладувачи богати со фруктоза (јаворов сируп, мед, шеќер), засладени додатоци како мармалад, кечап и сл.

Извор: Doznajemo.com/D.Z.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button