Реклама
Хороскоп

Дознајте дали сте змија, волк или гуска според индијанскиот хороскоп!

Реклама

Дознајте кој знак сте во индијанскиот астролошки систем, кои се вашите карактеристики и која е вашата судбина.

Индијанците важат за одлични претскажувачи на судбината. Дознајте кој знак сте во индијанскиот астролошки систем, кои се вашите карактеристики и која е вашата судбина.

Маркетинг

СОКОЛ (21.03 – 19.04)

Соколот е симбол за независност и слобода, секогаш спремен за акција и авантура. Тој секогаш се издвојува од другите поради својот изразен карактер, поради што често можете да го најдете како водач или организатор и иницијатор на големи настани.

Маркетинг

ДАБАР (20.04 – 20.05)

Дабарот е упорен, стабилен и издржлив, а тоа доаѓа од неговата вечна потреба за удобност.Тој исто така сака да се чувствува сигурен, а поради тоа е подготвен трпеливо да чека за нешто долго време сè додека не го добие.

ЕЛЕН (21.05 – 20.06)

Еленот е доста силен знак, па поради тоа е секогаш активен. Елените се секогаш под штрек, што ги прави неуморни, а со нивната добрина се надеваат дека можат светот да го направат подобро место за живеење. Тие се многу креативни, ги краси огромна волја и се секогаш подготвени да му помогнат на другиот.

КЛУКАЈДРВЕЦ (21.06 – 21.07)

Сè што прави овој знак го прави за семејството и за својот дом, бидејќи е многу приврзан за нив. Поради тоа е и многу емотивен и сака да живее во вечна хармонија, бидејќи има проблем со промени во расположението. Освен тоа, родените во овој знак имаат огромна фантазија.

ЛОСОС (22.07 – 21.08)

Родените во овој знак секогаш се борат за себе и покажуваат голема страст кога го прават тоа што го сакаат. Во друштво секогаш се лидери и борци, а знаат да направат и стратегија како да ги поминат препреките, а во исто време да не се служат со подлост, туку да останат достоинствени.

МЕЧКА (22.08 – 21.09)

Мечките се доста силни, но исто така и плашливи, поради што имаат потреба секогаш да се во организирана средина. Не сакаат непредвидливост, бидејќи се плашат од сите опасности. Освен тоа, тие се и многу практични и имаат чувство за детали.

ГАВРАН (22.09 – 22.10)

Родените на овој знак на прв поглед изгледаат застрашувачки, што до некаде е и оправдано, поради големата сила и волја која ја поседуваат. Тие се исто така строги, но се и пријателски настроени бидејќи не сакаат да бидат сами. Тие се добри дипломати, но недостаток е што понекогаш се несигурни и недоследни, а поради тоа можат да изгубат многу во животот.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button