Тајната е откриена – еве кој ги запозна принцот Хари и Меган Маркл

Односот меѓу нив е како од некој волшебен холивудски филм

Меган беше кралица на својата матурска забава, а Хари беше заљубен во неа и пред да се запознаат. Но тие двајцата не се сретнаа благодарение на некоја добра самовила, туку поради една обична девојка. Станува збор за Вајолет вон Вестенхолс – ќерката на британскиот барон и човек за односи со јавноста Ралф Лаурен. Таа е пријателка со принцот Хари, а со Меган прв пат се сретнале благодарение на нејзината работа. Познавајќи ги, Вајолет по некое време организираше „состанок на слепо“ за нив двајцата. Меган во едно нејзино интервју ќе признае: „Не знаев многу за Хари и ја прашав мојата пријателка дали е добар.“

Па, доколку и вие барате вреден кандидат, со кого ќе живеете среќно се до крајот на животот, ви препорачуваме да го следите примерот на принцот и актерката. Едноставно побарајте помош од некоја ваша пријателка која можеби познава некој посебен за вас.  Можеби и вие така ќе го сретнете вашиот принц на бел коњ

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.