Александар Тарабунов: „Родителите ме научија да се радувам на малите работи кои се најбитни“

На домашната публика и стана миленик пред повеќе од 10 години. Момчето кое се појави на букарското издание на музичкото талент шоу „Идол“ и оттогаш го гради патот до славата на македонската музичка сцена, денеска разговараме со Александар Тарабунов, кој минатата недела го објави и неговиот најнов видео запис за песната „Луд сум по тебе“.

Како се роди љубовта кон пеењето? Дали твојот татко имаше важна улога тука?

Да, најважната улога ја има мојот татко, генот, дарбата што сум ја добил од него и уште од најрано детство што растев со музика секојдневно, опкружен со многубројните иструменти по дома што ми беа интересни и секогаш ги чепкав, колегите од целата естрада што доаѓаа кај нас на гости.

Музиката е всушност мој живот и не можам без неа, како што сите ние луѓе имаме страст кон нешто, кој за што е роден….

ADVERTISEMENT

Која е највредната работа на која те научија родителите?

Да бидам културен, приземен, нормален, да се радувам на малите работи кои всушност се најбитни и да ги ценам луѓето.

 

Од каде толкава страст за готвење?

Повторно од татко ми, бидејќи тој секојдневно готви и порано тоа ми сметаше малку, но како одат годините и мене ме заинтересира храната и почнав да истражувам за намирниците , да ги комбинирам, кое со што одговара како здрава храна, да експериментирам и така се усовршив. Многу сакам да ги декорирам јадењата што ги приготвувам, затоа што сакам покрај тоа што е вкусно и на око да изгледа убаво.

Готвењето ме релаксира премногу и уживам додека сум во кујна. Во иднина планирам да отворам ресторан. 🙂

Дали некогаш си размислувал да ја смениш професијата?

Не сум размислувал и нема да ја сменам, што и да се случи.

Колку на еден пејач животот му е секогаш песна?

Животот на нас музичарите ни е песна, ама тоа не значи дека нема препреки во нашиот живот и борење за нешто подобро, напротив трнлив е патот до успехот и само ако вистински веруваш во тоа што го правиш можеш да имаш успех.

Што е она што го сметаш за твој најголем успех?

Не можам да издвојам бидејќи имам повеќе искуства што ми се драги, а ќе има уште успеси, само да сме живи и здрави.

Како ќе ја искоментираш состојбата во која се наоѓа македонската музичка сцена денес?

Ренесанса 😉

Facebook Comments